Техничар во Одделот за Информатички технологии (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

За нас   
 
EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени. 
 
Техничар во Одделот за Информатички технологии (М/Ж)  
 
Опис на работните задачи 
 

  • Инсталирање на Windows ОС и конфигурација на десктоп опрема, видео бимови, дигитални фотоапарати, принтери, фиксен телефон, мобилен телефон, blackberry уред  
  • Oтстранување и трајно решавање на дефектите  на  ИКТ опремата самостојно или во соработка со овластените сервисери  
  • Помош при најава на ИКТ инфраструктура на новите корисници преку далечински  пристап или на лице место  
  • Решавање на поплаки пријавени како проблеми при  најава и тековно работење на корисниците во Windows Server околината  
  • Спроведување на активности за отстранување и трајно решавање или делегирање на проблемите на повисоко ниво поврзани со функционирање на апликациите што се користат во компанијата ( MS Office, SAP, Brics CAD, Power Term, Omnitracker..)  
  • Решавање на проблеми со најава и тековно работење на корисниците во Билинг системот  
  • Решавање на поплаки во врска со користење на RSА токени и дигитални сертификати  
  • Евидентирање на секое корисничко барање/поплака во Ticket-инг системот  
  • Евидентирање на секоја спроведена промена на ИКТ опремата во базата на податоци за Основни средства 

 Потребни квалификации и лични карактеристики 
 

  • Солидно познавање на  Microsoft Windows OS  
  • Солидно познавање на англиски јазик  
  • Основно познавање за тековно одржување на десктоп опрема  
  • Солидно познавање на MS Office  
  • Високо развиени комуникациски способности  
  • Доверливост, исполнителност, иницијативност, способност за работа под притисок и кратки рокови, способност за работа во тим 

 
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 02.07.2017 година. 
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »