Cash: Оператор во контакт центар

  • Објавен на 2.2017
  • MCash
  • Активен до 10.03.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Веб: mcash.mk

ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Компанијата е дел од брзорастечката меѓународна група MFG, која располага со развиена мрежа на канцеларии на територијата на Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, динамична и модерна работна околина.

Поради проширување на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозен, снаодлив и одговорен вработен на позиција:

ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР


Обврските на операторот вклучуваат:

  • Одговарање на влезните повици од клиентите
  • Контактирање на клиентите со цел прибирање на дополнителни податоци или документи
  • Контактирање на клиентите со цел реализирање на продажни кампањи
  • Грижа за клиентите
  • Aдминистрирање на добиените информации во базата на податоци


Ние нудиме:

  • Можност за професионален развој
  • Можност за обука и зголемување на квалификациите
  • Динамична работа во млад и мотивиран тим
  • Добра заработувачка


Доколку сметате дека можете да одговорите на нашите барања, а ние на Вашите очекувања, Ве молиме доставете ја Вашата детална биографија со актуелна слика на нашата електронска адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , со назначување на позицијата за која аплицирате.

Ние гарантираме доверливост на сите апликации за работа и ќе ги исконтактираме само одобрените кандидати во потесниот круг на избор.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Нашите барања кои операторот треба да ги поседува вклучуваат:

  • Минимум средна стручна подготовка
  • Добра дикција и интонација на глас
  • Преговарачки вештини
  • Снаодливост
  • Аналитичност
  • Одлична компјутерска писменост
  • Тимски играч
  • Ориентираност кон позитивни резултати
  • Љубезност, но во исто време сигурност во настапот

 Веб сајт: www.mcash.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »