Хонорарен ангажман на автор со пола работно време

За компанијата: Веб-портал за релаксација, забава и едукација повеќе за компанијата »

Кафе пауза медија има потреба од креативен и талентиран автор со пола работно време за период од минимум 9 месеци.

Потребни квалификации:

  • Одлично познавање на македонскиот литературен јазик и искуство со пишување
  • Одлично познавање на англиски и српски јазик
  • Способност за креативно стилско изразување, превод и пишување авторски текстови
  • Вештини за селектирање, надополнување и проверување на точноста на информациите
  • Широк спектар на интереси за покривање теми од застапените области на Кафе пауза
  • Способност за наоѓање квалитетни, издржани и интересни извори на содржини (линкови)
  • Познавање на некоја алатка за обработка на фотографии, на пр. Фотошоп (предност)
  • Искуство во уредување содржини на веб (предност)
  • Вештини за одржување на социјални мрежи (предност)
  • Спремност за фиксно работно време од 4 континуирани часа на ден со почеток во претпладневниот период (од дома), како и подготвеност за викенд дежурства (секој втор викенд во месецот)
  • Брзина, навременост и способност за добро планирање на работниот ден
  • Исполнителност, посветеност, одговорност и желба за пишување
  • Желба за усовршување, надградување и напредување

Вашето CV, заедно со мотивационо писмо (бидете оригинални и креативни и кажете ни што знаете и можете и зошто би сакале да бидете дел од нашиот тим) и линкови или прилози од еден ваш објавен текст (доколку имате) испратете ни ги на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака во subject: Aplikacija za avtor.

Огласот трае до 23 март, а работниот ангажман започнува од месец април. Само соодветните кандидати ќе бидат контактирани по имејл за тестирање и интервју.

Со среќа!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »