Бесплатен курс: Градење кариера во UX дизајн

Корисничкото искуство (UX) е кариера која нуди многу погодности. Успешните UX професионалци може да ја подобрат технологијата за истата да биде поефикасна, поефективна и повеќе задоволителна за оние кои ја употребуваат. Но, каде почнува кариерата во UX?

Во овој курс, ќе ги разгледаме под-дисциплините на корисничкото искуство (дизајн, истражување и стратегија), за да може да дознаете повеќе за различните работи кои ги усогласуваат вашите јаки страни и желби. Курсот треба да ви помогне да ги разберете обврските на професиите, но и придобивките од работењето со полно работно време за команија, наспроти консултантска работа и хонорарен ангажман. Ќе зборуваме како да изградите попривлечно резиме и портфолио и да сте сигурни дека соодветно се брендирате себе си како UX професионалец.

Курсот нуди фокусирани совети за кариера за луѓе кои бараат работа, совети за регрутери и работодавачи кои сакаат подобро да го разберат полето на UX, и неопходна рамка за дипломираните/недипломираните студенти кои го разгледуваат следниот чекор во својата кариера.

Теми:

  • Што е UX?
  • Дали треба да бидете UX генералист или специјалист?
  • Типови на UX кариера кои ви се на разполагање: дизајн, истражување и стратегија
  • Работа во компанија, како консултант, или хонорарно
  • Раскажување приказна со портфолио и резиме
  • Работа со регрутери

 

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • веб дизајнери и девелопери кои сакаат да овозможат подобро корисничко искуство за посетителите на нивните веб сајтови,
  • графички дизајнери кои сакаат да направат надградба на своите вештини во област на веб, UX и UI дизајн,
  • сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со веб дизајн, графички дизајн и особено UX и UI дизајн.

 

Практичен дел

Курсот не содржи практичен дел.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, но не содржи менторска помош.

Како да го следите овој курс?

За да го следите овој курс треба претходно да се регистрирате пополнувајќи го овој формулар.

Повеќе информации

Курсот “Градење кариера во UX дизајн“ е само еден од многуте курсеви на веб академијата Еверест чиј основач е Марјановиќ Едукација. За повеќе информации околу начинот на изведување настава кликнете овде.

Останати бесплатни курсеви

 

Детална содржина на курсот

1. Кариери во корисничко искуство
Што е корисничко искуство (UX) и каде да почнете?
UX полиња: Дизајн, истражување и стратегија
UX генералист или специјалист?
 

2. Кариери во дизајн
Дизајн на интеракција
Визуелен дизајн
Дизајн на услуги
Архитектура на информации
Пишување содржина, дизајн на информации и техничка комуникација

 

3. Кариери во истражување
Истражување на корисници
Пристапност
Човечки фактори

 

4. Кариери во стратегија
UX стратегија
Стратегија на содржина
Искуство на клиент (CX) 

 

5.Вашата кариера во UX
Работа во организација како консултант, или хонорарец
Резимеа и портфолиа кои ќе ја раскажат вашата приказна
UX брендирање и барање работа
Работење со регрутери

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »