Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика информира дека граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. 

Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.

Надоместокот се исплатува согласно годините работен стаж. На пример, паричен надоместок се исплатува 1 месец, ако лицето има стаж на осигурување најмалку 9 месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Ако лицето има стаж од 10 до 12,5 години, надоместокот се исплатува 6 месеци, а доколку има стаж над 25 години - 12 месеци.  

Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци. Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80 отсто од просечната месечна нето плата по работник во државата објавена за последниот месец.

Граѓаните што останале без работа поднесуваат барање во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.

Детални информации може да се најдат на страницата на Агенцијата за вработување: https://av.gov.mk/paricen-nadomestok.nspx

Промовирани огласи »

Државниот инспекторат за труд апелира до вработените да не потпишуваат договори или отказни решенија ако не се сигурни што тие значат. Препорака е да се внимава што се потпишува или да се направи консултација со стручни лица.

Директорот на Трудовиот инспекторат Аљадин Хавзиу денеска на прес-конференција во Владата потврди дека до нив се стигнати претставки од работници кои се принудени на потпишат отказни решенија или им се нудат договори за работа со скратено работно време.

За жал, има неколку такви претставки и се постапува по сите согласно законот. Апелирам вработените да внимаваат што потпишуваат. Може да се јават во Трудовата инспекција во секое време, во секоја подрачна единица. Истакнати се броевите на инспекторите и тие се јавуваат на повик и може да ги консултираат. Вработените да не потпишуваат нешто што не знаат и потоа да има последици по нив, порача Хавзиу.

До Инспекторатот, како што посочи, нема доставено пријави од граѓани дека Агенцијата за вработување не ги регистрира работниците на кои им престанал работниот однос по основ на престанок на важност на договорот за работа

Промовирани огласи »

 Студентите кои имаат потреба да ги посетат студентските домови за да подигнат оставени лични работи ќе може да го направат тоа во следните четири дена почнувајќи од денеска, во одредени периоди од деновите согласно со вонредниот полициски час и дополнителните ограничувања во слободата на движење.

Директорот на Државниот студентски дом „Скопје" Дарио Николовски на својот фејсбук-профил објави дека посетите на домовите ќе бидат дозволени денеска (вторник)  од 12 до 16 часот, а од утре (среда) до 10 април (петок) од 9 до 13 часот.

Николовски во објавата наведува дека оваа одлука е поради бројните барања на студентите и нивните потреби и напоменува дека при посетата на домовите потребно е да се почитуваат препораките односно да се носат маска и ракавици.

При посетата на домовите студентите ќе бидат пуштани во ограничен број, по двајца, по што ќе следува целосна дезинфекција на објектите.

-Ги замолуваме сите студенти кои имаат потреба да ги посетат домовите да го направат тоа во следните четири дена бидејќи потоа тие ќе бидат затворени се до донесување позитивна одлука односно продолжување со престојување, иселување поради карантин или завршување на студиска година, соопшти директорот на Државниот студентски дом. 

Промовирани огласи »

Како што информира Управата за јавни приходи исплатата за месеците јануари, февруари и март од МојДДВ, односно повратот на ддв ќе започне во мај 2020 година!

УЈП се уште врши исплата за првото и второто тримесечје на сите оние граѓани кои имале грешки во податоците, а во меѓувреме истите ги ажурирале.

За месеците јануари, февруари и март 2020 година на граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе им бидат исплатени вкупно 343,803,953 денари или 5,590,000 ЕУР. Во овој период скенирани се вкупно 49,946,278 фискални сметки, остварен е промет од 21,957,355,689 денари, со вкупен ДДВ 2,292,026,352 денари.

Споредбено со првите две тримесечја зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ, и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15% ДДВ кај граѓаните. За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186,215,194 денари односно 3,028,000 ЕУР, а за второто тримесечје се исплатија 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »