Microsoft software developer

За компанијата: Од крајот на месец Ноември 2009 година, своето постоење и делување во рамките на групацијата IN2 го започнува Друштвото за информатички инженеринг ИН2 дооел Скопје. Групацијата IN2, веќе неколку години... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • ИН2 Скопје
  • Активен до 16.04.2021
  • Позиција: Програмер/информатичар/дизајнер
  • Локација: Скопје

Заради проширување на бизнисот и нови проекти бараме 10 Microsoft софтвер девелопери. Независно од тоа дали си junior, mid или senior, имаш можност да го пронајдеш местото кое најмногу ти одговара. Големо бизнис и техничко знаење е она што не издвојува од конкуренцијата, и секогаш го споделуваме со задоволство. Кај нас ќе пронајдеш колеги од кои сигурно ќе имаш што да научиш. Нам тимската работа и соработка ни се непишани правила, околината е пријатна за работа, а областите во кои можеш да се развиваш се многубројни.

Kako Microsoft девелопер ќе учествуваш во процесот на планирање, развој и одржување на софтвер, со акцент на enterprise решенија. Резултатите на нашата работа допираат до илјадници граѓани, вклучувајќи и информатички решенија за здравство, болници, вработување, правосудство, морепловство, спорт... и не, не го сработивме сето тоа затоа што во тимот ги имавме Superman или Wonder Woman, туку упорни, храбри и среќни луѓе како тебе! Да, те бараме тебе!

Твојата работа

  • Развој и одржување на софтверски решенија базирани на Microsoft технологии
  • Решавање задачи според твоето искуство (junior / mid / senior)

Ти си личноста за нас ако

  • Знаеш како да пристапиш на технички проблем, да го анализираш, и на крај да го решиш
  • Разбираш функционална спецификација и знаеш како да ја претвориш во технични задачи
  • Им помагаш на колегите и сакаш да споделуваш знаење
  • Си иновативна и проактивна личност
  • Брзо и самостојно учиш и се стекнуваш со нови знаења и технологии
  • Во извршувањето на задачите и решавањето на проблемите покажуваш педантност, упорност и сигурност
  • Сакаш дружење, добра шега, патувања, добра забава и нетрпeливо чекаш да заврши ова Ковид лудило

Предност

  • Искуство во изработка на веб апликации: ASP.NET MVC, C#, HTML, CSS (Bootstrap и responsive дизајн), JavaScript (JQuery, Angular)
  • Познавање на SQL-a и работа со бази на податоци (SQL Server)
  • Искуство во работа со веб сервиси (WCF, WebAPI)
  • Искуство во изработка на извештаи (Reporting Services)
  • Искуство во улога на водител на тим/ментор
  • Искуство во играње на фудбалче

Што те чека во IN2 групата

Професионален развој и едукација

  • Предизвикувачки и значајни проекти
  • Континуирана грижа за твојот развој и напредок низ различни облици на едукација: online платформи за учење, сертификација, тренинзи и низ работа со врвни професионалци
  • Можност за развој на кариерата – голема компанија, различни позиции, различни технологии
  • Можност за развој и учење низ споделување на најдобрите практики во рамки на матичната група CSI (Constellation Software Inc)

Грижа за здравјето

  • Можност за прилагодување на работното време на сопствениот ритам
  • Излегување во пресрет спрема приватните обврски
  • Различни спортски активнсти
  • Полиса за дополнително здравствено осигурување

Канцелариски придобивки

  • Пријатен и модерен простор (канцеларии, сала за состаноци…)
  • Дружење, кафе, и други ситници кои го прават секојдневното работење попријатно

Други придобивки

  • Можност за работа од дома
  • Роденденски подарок
  • Субвенционирање на трошоци за градинка
  • Субвенционирање на трошоци за превоз
  • Покривање на трошоци за мобилен телефон

Можеш да се пријавиш до 14.04.2021.

Би сакале да те запознаеме и да позборуваме поконкретно за позицијата која ќе ти одговара тебе.

Аплицирај тука: