Асистент за продажба

  • Објавен на 10.2021
  • Г.И. АМБИЕНТ
  • Активен до 28.10.2021
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот во Word)

Г.И. АМБИЕНТ, е продажен салон за осветлување, специјализиран за продажба на ексклузивни лустери, столни ламби, и сите видови на сијалици.

За потребите на нивниот продажен салон на локација Партизански Одреди 46а Скопје (до Фитнес хаус) има потреба од:

Асистент за продажба

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • Завршено средно образование
  • Способност за тимска работа
  • Ориентираност кон клиенти
  • Комуникациски вештини
  • Предходно работно искуство во продажба, предност во иста индустрија (мин. 1 година)
  • Основно познавање на компјутер, наплата на каса

Одговорности и работни задачи:

  • Директна продажба на артиклите на брендот
  • Мануелно и визуелно дополнување на продадените артикли на дневно ниво
  • Прием, припрема и одржување на квалитетот на производите
  • Одржување на хигиената и уредување на продажното место
  • Работа на каса

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Основна нето плата од 20.000 денари, плус бонус од месечна реализација на продажба. Во зависност од искуството на кандидатот може да се определи повисока плата.
  • Работа во една смена од 9 до 17 часот. Работа во Сабота преку една недела.

Заинтересираните да испрaтат свое CV на  [најави се за да го видиш е-маилот] . Контактирани ќе бидат само лицата кои што ќе влезат во потесен избор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »