Соработник Комерцијалист

За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ДУНА ДОО:

Сервисер на мултифункциски уреди

ДУНА д.о.о.

Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија, посветено работиме на нашата мисија која започна во раните 90-ти години, технологијата да биде присутна во сите сегмнети на индустријата, образованието, бизнисот и на целокупното општествено делување. Официјални партнери на Ricoh, Apple, Konka, Brahler, Tentnology, Zebra, Lenovo, Garmin, ги следиме светските IT трендови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд кој според многумина е IT трендсетер во регионот.               

За кого е наменето работното место?

Млади, мотивирани и амбициозни луѓе, со тековно или завршено високо образование, кои имаат искуство и познавање на англискиот јазик. Потребно е одлично познавање на Word и Excel како и основни вештини за истражување и комуникација. Познавање на други јазици е пожелно. поседување возачка дозвола за Б-категорија е задолжително. Ако сте организирани, систематични, флексибилни, плус имате добри комуникациски вештини, позитивни сте, добро работите во тим и спремни сте да учите под притисок, ние би сакале да ви дадеме можност да го докажете својот потенцијал. По завршување на ангажманот со одредено работно време, имате можност за вработување со делумно или полно работно време.

Опис на задачи

  • Контакт со клиенти преку телефон или посета на локација, анализа на потреби и креирање на решение;
  • Изработка на комерцијални документи – понуди, профактури, фактури, техничка документација и коресподенција со клиенти
  • Анализа на пристап на конкуренти и анализа на нови пазари;
  • Поддршка во спроведување на истражувања и развој на нови услуги и продукти;
  • Поддршка во промоција и продажба на останати продукти и сервиси кои ги нуди компанијата -  на Ricoh, Apple, Konka, Brahler, Tentnology, Zebra, Lenovo, Garmin

Што ќе добие вработениот:

  • Менторство при анализа, дизајн и изработка на решение;
  • Можност за надградба на своите вештини со учество на обуки, сертификација и усовршување на техниките и знаењата;
  • Пренесување на знаење од страна на нашите продукт специјалисти;
  • Професионална и пријатна работна атмосфера и целокупна техничка опременост за професионално работење.

Времетрање на ангажманот:

  • 6 месеци со можност за продолжување

Како да аплицирам?

Испратете го своето CV (со телефонски контакт), кратко писмо за изразување интерес на следната адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака „Пријава за соработник комерцијалист“, најдоцна до 26 март 2021 г., до 23:59 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »