Ангажирање лица за организација на Европското првенство за кошаркарки до 16 години

Македонската кошаркарска федерација од 17 до 26 август 2017 година ќе биде организатор на Европско првенство за кошаркарки до 16 години Дивизија Б во Скопје. На првенството, покрај кадетската репрезентација на Македонија ќе настапат уште 21 репрезентација. Натпреварите ќе бидат одиграни во VIP Арената при спортскиот центар„Борис Трајковски“ и во спортскиот центар „Јане Сандански“. Екипите и официјалните лица ќе бидат сместени во хотелите: „Континентал“ и во „Александар Палас“.

МКФ го објавува овој конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација на уште еден континентален собир во Скопје.

Ќе биде избран 21 водич (team attache) за гостинските репрезентации. 

Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака  „За конкурс за ЕП во Скопје“.

- Водич на репрезентациja | team atache  – е лице кое ја придружува екипата на тренинзи, натпревари и е одговорно за насоки и помош на својата екипа надвор од хотелот или спортската сала.

Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 25 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик.

Рокот за пријавување е до 3 август 2017 година во 16:00 часот.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани најдоцна до 5 август 2017 година.

Ангажманите на избраните апликанти почнуваат на 15 август и траат непрекинато до крајот на првенството односно 26 август 2017 година.

Хонорарот за ангажманот изнесува 5.000 денари.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »