First level application support (Самостоен стручен соработник за поддршка на апликативни решенија)

За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани... повеќе за компанијата »

Бидете дел од Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени.

Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.

Ви нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал.  Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Обезбедување на прво ниво на корисничка поддршка – анализа на проблеми, решавање на кориснички барања;
  • Обработка на барања на корисниците: техничка поддршка за апликативни системи, отворање кориснички сметки за пристап до апликативните системи и ажурирање на правата за пристап на постоечките корисници;
  • Координација и соработка со надворешни добавувачи на апликативна програмска опрема, контрола и следење реализацијата на нивните задачи и исполнување на договорните обврски;
  • Водење на евиденции за ревизорски и регулаторни наоди, препораки и реализации во соработка со вработените во подрачјето на ИКТ, како и outsourcing компании.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Соработка во преносот на знаење и примената на упатства во врска со користењето на апликативната програмска опрема од страна на крајните корисници
  • Обезбедување на поддршка и основно одржување на веб и мобилните апликации;
  • Подготовка на извештаи и евиденции поврзани со подрачјето на работа;
  • Пренос на знаење и добри пракси во организациската единица, Друштвото и Групација Триглав.

ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:

  • Основно познавање на Т-SQL и администрирање на SQL Server;
  • Основно познавање и искуство во работа со (C#, .NET)
  • Познавање на технологии за web и мобилни апликации;
  • Искуство во имплементација на проекти;

ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:

  • Активно познавање на англискиот јазик, како и самоиницијативност, проактивност, прецизност, желба за континуирано надградување и развој.
  • Работното место е во седиштето на Друштвото во Скопје, со флексибилно работно време и можност за хибриден модел на работа.

Доколку сте заинтересирани, може да аплицирате преку линкот во прилог:

http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000JNK2R

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »