Специјалист за корисничка поддршка на Здравствени Информациони Системи (на Српски јазик)

  • Објавен на 3.2018
  • SORSIX INTERNATIONAL
  • Активен до 23.03.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Специјалист за корисничка поддршка на Здравствени Информациони Системи на Српски јазик

 

Минимални потребни услови:

  • Високо образование – за предност ќе се смета образование од областа на техничките науки,
  • Одлично познавање на Српски јазик (комуникација и пишување),
  • Познавање на Англиски јазик,
  • Познавање на Microsoft Office,
  • За предност ќе се смета работно искуство во здравствени системи.

 

Одговорности и работни задачи:

  • Интензивна комуникација преку телефон и е-пошта со голем број на корисници (на Српски јазик),
  • Професионална корисничка поддршка за крајните корисници на информатичкиот систем,
  • Управување со проблеми на корисниците и нивно решавање,
  • Идентификација и приоритизација на проблеми кои може да влијаат на достапноста на системот,
  • Тестирање на веб-базиран систем и откривање на грешки во системот.

 

Способности и вештини:

  • Способност за тимска работа,
  • Одговорност кон дефинирани рокови,
  • Професионалност во работењето,
  • Способност за работа под притисок,
  • Комуникациски и презентациски вештини.

 

Се нуди мотивирачка месечна плата, долгорочен професионален развој преку работа во современа брзо растечка ИТ компанија.

Заинтересираните кандидати своите професионални биографии може да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака за работното место за кое аплицираат.

Ќе бидат контактирани само кандидатите што ќе бидат поканети на интервју.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »