Систем администратор/ (Руски јазик)

За компанијата: MERE маркети се трети по големина Руски ланец на маркети кој работи од 2009 година ( со име СВЕТОФОР - во Русија), има отворено веќе продажни објекти и во Србија кои наидоа на одличен одзив кај српските... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • РУСТОРГ ДОО
  • Активен до 22.10.2021
  • Позиција: Програмер/информатичар
  • Локација: Скопје

Во потрага сме по Систем администратор со познавање на руски јазик. 

Одговорности и работни задачи:

  • Администрирање на сервери во контролните панели и интернет корисници, антивирус и заштита на PCсервери.
  • Развива софтверски алатки кои серазвиени од страна на одделот за автоматизација.
  • Координација за подобрување на процесот на чување и обработка на информациите, обезбедување на неопходна сигурност во резултатите во минимален рок.
  • Обезбедување на размена на информации во согласност со утврдена постапка.
  • Администрирање на оперативни и сметководствени програми.
  • Имплементација на софтвер.
  • Инсталирање на стандардни програми.
  • Врши обука на работниците за основни компјутерски вештини и инсталираниот софтвер.
  • Ја следи работата на компјутери.
  • Организира безбеден проток на информации во фирмата.
  • Инсталира оперативен систем на корисниците.
  • Води евиденција на движење на опрема во одделите и складирање на документите.
  • Набавка, инсталирање и пополнување на тонери за континуирано работење на принтери.
  • Елиминира проблеми поврзани со работата на хардвер и софтвер, сервери и персонални компјутери, и набавува техничка опрема за канцеларии и  други деловни простории.

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  •     Организираност и ефикасност; 
  •     Способност за тимска работа;
  •     Работа со дадени рокови;
  •     Следење на интерните правила и процедури;
  •     Самоиницијативност и самокритичност;
  •     Пожелно е минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција
  •     Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност

Што можете да очекувате од нас

  • Стекнување на интернационално искуство
  • Можност за професионален развој и напредување
  • Работа во динамична средина во брзорастечка компанија