Сервисен Советник

За компанијата: Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година,... повеќе за компанијата »

Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година, таа е единствениот импортер во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите – Volkswagen AG. Порше Македонија е лидер на автомобилскиот пазар со најголем удел во пазарот на нови возила.

Во Порше Македонија денес работат над 100 вработени, со тенденција за понатамошно ширење на тимот. Компанијата преку програмите за развој и усовршување на кадрите и постојаната размена на информации, овозможува континуирано подобрување на квалитетот на работата.

Поради проширување на својот тим имаме потреба од

 

Сервисен Советник

 

 

 

Детален опис на работни задачи

• обезбедување на работи околу ефикасно одржување т.е. поправка на моторните возила на клиентите преку точна дијагностика и изготовка на работен налог,
• закажување на поправки и сервиси, примање и појаснување на барањата на клиентите,
• одредување на големина на сервисната работа,
• советување на клиентите околу врстата и обемот на неопходната работа и следствените трошоци,
• изготвување на задолжителната пресметка на трошоците,
• проверка на точноста на сметките и појаснување на одделни позиции на клиентот за време на предавање на возилото,
• проверка на случаите поврзани околу гаранциски барања и куланца,
• спроведување на контрола на комплетноста на извршените работи во склад со желбите на клиентите,
• обработка на рекламациите од клиентите,
 

 


Потребни квалификации

• ВСС, Дипломиран Машински Инженер

• со или без работно искуство на слични позиции       

• добро познавање на моторни возила и техничко стручно знаење во област на сервисна работилница,

• изразена комуникативност и желба за лично усовршување,

• познавање на германски и/или англиски јазик,

• познавање од работа со компјутер,

• возачка дозвола со Б категорија,

• организациски способности

Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја 

достават на следната e-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака за "Сервисен Советник

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »