За компанијата: АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ е компанија која се занимава со проектирање и изведба на безбедносни системи (видео надзор, алармни системи против провала и кражба, системи за контрола на пристап, евиденција на работно...
повеќе за компанијата »АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ е компанија која се занимава со проектирање и изведба на безбедносни системи (видео надзор, алармни системи против провала и кражба, системи за контрола на пристап, евиденција на работно време, хотелски системи, видеодомофонија, периметарска заштита, компјутерски мрежи) и е фирма која бележи постојан подем. АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ е Лиценцирана Фирма за Техничко Обезбедување.
Поради проширување на својот тим и задоволување на потребите на своите коминтенти, АЛЕКС СИСТЕМИ објавува оглас за вработување за следнава работна позиција:
ЕЛЕКТРО ИНСТАЛАТЕР МОНТЕР ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ - СО РАБОТНО ИСКУСТВО
Потребни квалификации:
- Завршено најмалку средно образование;
- Познавање на алармни системи, видео надзор, контрола на пристап и друга безбедносна опрема
- Задолжителна возачка дозвола Б категорија;
- Познавање на англиски јазик (говорење и пишување) ќе се смета за предност;
Личен профил:
- Одговорен, позитивен став, самоиницијативен, мотивиран и лојален ;
- Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок;
- Професионален однос кон работата;
Компанијата нуди:
- Редовни месечни примања (загарантирана плата која ќе биде во постојан раст, бонуси, навремена исплата на плата);
- Загарантирана работа со долгорочни планови и договори;
- Динамична работна средина;
- Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата;
Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]