За компанијата: Ритам Трејд ДОО Скопје егзистира на пазарот во Република Македонија од 2009 година и е компанија формирана со заедничко вложување на Ритам инженеринг- Белград, Република Србија компанија која е дел од...
повеќе за компанијата »Поради зголемен обем на работа, интернационална компанија од областа на системи за сува градба во градежништвото, Ритам Трејд ДОО Скопје, објавува оглас за потреба од следниов профил на вработен:
1.Раководител на магацински простор.
Опис на работни задачи:
- Организација и координација на магацинското работење,следење на ниво на оптимални залихи на производи, иницирање на нарачки на стоки во координација со комерцијалниот сектор и менаџментот, како и организација на дневни испораки на стоки до клиенти.
- Организација и контрола на работата на сите магацински работници.
- Прецизно водење на материјална евиденција на стоки на залиха и нивно совесно и одговорно менаџирање.
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство во раководење на магацин и основно познавање на градежни материјали;
- Високо образование ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Солидно познавање на MS Office пакетот;
- Познавање на Англиски јазик ќе се смета за предност.
ВИ НУДИМЕ
- Адекватно вреднување на вложениот труд, преку атрактивни редовни месечни примања и бонуси за дополнителен ангажман со кој е остварен посебен бенефит за компанијата.
Кандидатите можат да го испратат своето CV на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]