Доставувач - Тетово

  • Објавен пред една недела
  • Нептун Македонија
  • Активен до 24.01.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Тетово

Активни огласи од Нептун Македонија:

Графички дизајнер - Продавач - Велес - Продавач - Тетово

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, најголемиот регионален малопродажен ланец за техничка стока, поради понатамошен развој на своите операции, распишува оглас за вработување на:

ДОСТАВУВАЧ

Со место на вршење на работните задачи во Тетово

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • ССС;
  • Задолжително е поседување на возачка дозвола Б категорија;   
  • Искуство со управување на лесно товарно возило;
  • Пожелно е претходно работно искуство во испорака на производи до крајни потрошувачи;

Одговорности и работни задачи:

  • Навремена и безбедна испорака на производи до крајни потрошувачи;
  • Контрола и распоредување на трговска стока за достава во возилото, согласно дадените насоки и документација;
  • Достава на трговска стока до крајните потрошувачи;
  • Одговорен за утовар и истовар на трговската стока од/во возилото;
  • Истовар на трговската стока при прием на стоката во продавница;
  • Води евиденција за доставите;
  • Работи во потполна согласност со законска регулатива од областа на сообраќајот;
  • Известува за дефекти, инциденти или прекршоци во сообраќајот.

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Обезбедени се потребните средства и услови за работа од страна на компанијата;
  • Работа во смени, вкупно 40 часа неделно

 Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака: “Доставувач во Тетово” или директно преку веб апликацијата.

Огласот е активен до 24.01.2019 година.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
КЛИКНИ