Сметководител

За компанијата: Next Generation Company е компанија која делува како партнерска фирма на сметководствени компании од САД. Нашиот тим е лоциран во Маекдонија и работи 100% виртуелно. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 2 недели
  • Next Generation Company
  • Активен до 25.01.2022
  • Позиција: Економист/сметководител/ревизор
  • Локација: Цела Македонија

Нашиот тим во Next Generation Company повторно расте!

Имаме отворена позиција за сметководител (bookkeeper) со полно работно време за американски пазар. Иако работиме исклучиво со клиенти од САД, нашето работно време е од 10:00 до 18:00. Нашиот тим е 100% remote, така што ова е одлична можност за оние кои сакаат да работат од дома. 
Сите заинтересирани кои сакаат да ги унапредат своите вештини во сметководство на пазарите во САД, ги очекуваме вашите апликации


Неколку “must have” за оваа позиција:
✔️ Високо ниво на англиски јазик – Работиме на американски пазар, и покрај тоа што оваа позиција нема директен контакт со нашите клиенти, исклучително е важно да сте 100% комотни во пишување, читање и работа на англиски јазик
✔️ Лесно навигирање и брзо учење на нови апликации и пребарување на интернет.
✔️ Завршен економски факултет или искуство во сметководство од минимум 3 години.
✔️ Познавање на основните финансиски термини на англиски јазик (Balance Sheet, Profit & Loss, Accounts Receivable, ….)
✔️ Мотивација и желба да бидете дел од тим кој се поддржува меѓусебно

Што да очекувате?

Платена пракса/евалуација во период од еден месец со посветен ментор кој ќе ви помогне побрзо да се вклопите во тимот. Можност за изведување на праксата/евалуацијата после работно време како би можеле да учествуваат и веќе вработени лица.

Доколку ја поминете евалуацијата, во зависност од вашите перформанси и резултати, добивате Договор и почетна плата помеѓу 24.000 и 30.000 мкд.

Ве очекуваме!

барај огласи за вработување » барај останати огласи »