Вработување на електро-машински техничар или електро-машински инженер за одржување

За компанијата: Повеќе од 70 години градиме компанија која цени знаење, напорна работа и посветеност. Со седиште во Скопје, Северна Македонија прераснавме во компанија која има светска мрежа на задоволни клиенти и клиенти... повеќе за компанијата »

Компанијата Раде Кончар - Контактори и релеи - Скопје има потреба од вработување на 1 електро-машински техничар или инженер за одржување.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

 

- ССС електро или машинска струка или ВСС Електро/Машинска струка (ВСС ќе се смета за предност)

- (+2 ) годишно искуство во одржување

- познавање и читање на електро и пневматски шеми

- напредно познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) 

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

 

  • работа во тим со цел извршување на ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на опремата, како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност
  • Одговорност за целокупното одржување на опремата
  • Превентивно одржување и следење на машините и опремата за тестирање
  • Изготвување на планови за прераспределба на машините во согласност со распоредот на производство и производството на нови производи
  • Извршување итни / непланирани поправки на опремата за производство и редовно вршење на превентивно одржување
  • Иницирање на нови проекти кои ќе помогнат за намалување на времето на застој и подобрување на самото производството

 

Работното време се одвива од 08.00 - 16.00 часот, од понеделник до петок.

Плата  по договор.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »