Комерцијалист/Дистрибутер реон Скопје на пола работно време (20 часа неделно) плата и над 20.000 ден

Вработување на комерцијалист/дистрибутер во Гевино на пола работно време (20 часа неделно) можност за плата и над 20.000 денари

Гевино е компанија формирана во 2017 година чија главна дејност е производство и трговија со вино и која заради својот континуиран раст во продажбата и во имплементирањето на најновите производни стандарди, има потреба од комерцијалист/дистрибутер за реон Скопје на пола работно време (20 часа неделно).

 

Работни обврски:

  • Редовна посета, правење и достава на нарачки и водење грижа за производите;
  • Наплата на побарувања остварени од продажбата;
  • Уредување на асортиманот по претходно дефинирани мерчендајзинг стандарди;
  • Почитување и следење на предходно утврдениот рут план на посета;
  • Активно следење, забележување и известување за тековната конкуренција;
  • Превземање на одговорност за рационално поставување и користење на рекламниот материјал.

Потребни квалификации:

  • Минимум ССС;
  • Возачка дозвола Б - категорија;
  • Со или без работно искуство;
  • Комерцијална ориентација;
  • Фокус кон клиентите;
  • Способности, вештини и лични квалитети;
  • Развиени комуникациски вештини;
  • Креативност;
  • Натпреварувачки дух;
  • Ентузијазам;
  • Професионален однос кон работата;
  • Одговорна и лојална личност;
  • Самоиницијативност и посветеност.

Ние нудиме:

  • Работно време 08-12 часот од понеделник до петок;
  • Службен телефон и службено возило со 100% покриени трошоци за превоз од/до работно место;
  • Вработување на неопределено време;
  • 10.000 денари нето плата + 1% фиксен загарантиран процент од продажба + таргет бонус;
  • Флексибилност во работата и почитување на сите законски норми, празници, регрес, платени годишни одмори;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Редовна плата и бонуси;
  • Можност за напредување.

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака, Комерцијалист/Дистрибутер најдоцна до: 22/08/2020.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »