За компанијата: ВИЛСОН СПОРТ ДООЕЛ е првата и водечка специјализирана продавница за тенис, пинг понг, сквош и бадминтон во Република Македонија.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
ВИЛСОН СПОРТ ДООЕЛ објавува оглас за вработување на ПРОДАВАЧ/ПРОДАВАЧКА
Работни задачи и одговорности:
- Услужување на купувачите и продажба на производите;
- Грижа за хигиената и уредноста на продажниот салон;
- Работа со документи поврзани со секојдневното функционирање на продажното место;
- Континуирано учење на специфичностите на производите;
- Припрема на робата за испорака;
- Следење на залиха на артиклите;
- Учество во редовни пописи на артиклите;
- Редовно административно заведување на артиклите (влез- излез);
- Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон;
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно образование
- Познавање и кристење на MS Office и Internet;
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Претходно работно искуство на иста позиција ќе се смета за предност
Личен профил:
- Убедливост и градење однос со потрошувачи
- Желба за работа во продажба
- Позитивен став
- Добри организациски способности
- Комуникативност, љубезност и педантност
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок
- Флексибилност и адаптибилност.
Доколку ги исполнувате горенаведените квалификации и ваквиот работен ангажман е предизвик за вас, доставете ја својата лична биографија (CV) на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака на апликацијата “за оглас за Продавач/Продавачка“.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани.