КООРДИНАТОР НА КОНТАКТ ЦЕНТАР

(преземи го огласот како слика)

Тимот го прошируваме со КООРДИНАТОР НА КОНТАКТ ЦЕНТАР

Работни задачи и одговорности:

  • Координација и надзор на целокупното работење на Контакт центарот;
  • Подготовка и спроведување на планот за работа;
  • Подготовка, профилирање и сегментирање на базите на податоци на клиенти;
  • Мотивира, поттикнува тимска работа и иновативност на тимот;
  • Стручно усовршување, посета на обуки за дополнување на знаењето во земјата и странство.

Очекуваме:

  • Одлични комуникациски, раководни и организациски способности;
  • Компјутерски вештини;
  • Самоиницијатива, посветеност, прецизност, проактивност, одговорност, насоченост кон резултати;
  • Високо или средно образование од економска или друга сродна област;
  • Работно искуство во соодветната област.

Нудиме:

  • Вработување во успешна, реномирана, интернационална компанија;
  • Работа со современи технологии и едукација во странство;
  • Грижа за личниот и кариерниот развој на вработените;
  • Динамична и флексибилна работна средина;
  • Неограничени можности за напредување и заработка;
  • Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.

Основната нето плата за работен однос на полно работно време за оваа позиција изнесува 20.500,00 денари, со можност за варијабилен дел од плата врз основа на работна успешност за реализација на поставените цели.

Кратка биографија (CV), мотивациско писмо и останати документи (потврди, сертификати и стекнати лиценци) може да испратите на наведената адреса или на e-mail: vrabotuvanje@triglav.mk не подоцна од 17.04.2019 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју. Процесот на избор на кандидати ќе заврши заклучно со 29.04.2019 година.

КЛИКНИ