Сервисер за одржување на Лабораториски Информациски Систем и медицински инструменти

За компанијата: ФАРМАХЕМ е приватна компанија со над дваесетипетгодишно искуство во областа на трговија со лабораториска опрема и еколошки консалтинг.    Главната дејност на ФАРМАХЕМ е продажба на лабораториски инструменти... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ФАРМАХЕМ СЕРВИС - СКОПЈЕ

има потреба од: 

Сервисер за одржување на Лабораториски Информациски Систем и медицински инструменти

 

Барања за позицијата:

 

  • образование: ФЕИТ, ФИНКИ, дипломиран ел. инженер или студент при крај на студии кој има желба да напредува во македонска компанија;
  • одлично познавање на работа со компјутери, хардвер и компјутерски мрежи;
  • одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување);
  • предност ќе имаат кандидати со препораки од претходно работно искуство, особено со инсталирање и конфигурирање софтвер, вмрежување;
  • желба за учење нови работи, логика и аналитичност во размислувањето, висока организираност и прецизност, способност за извршување повеќе работни задачи истовремено, приспособување на нови и различни задачи, одговорност, мотивираност,  комуникациски вештини;
  • тимска работа со колегите;
  • поседување на Б возачка дозвола и активно возење.

Работни задачи:

Сервисерот ќе ги има следниве задачи:

  1. инсталирање и конфигурирање на Лабораториски Информациски Систем, за кој претходно треба да се инсталира потребен хардвер и да се конфигурира мрежа (доколку корисниците тоа не го направат сами);
  2. инсталирање, конфигурирање и одржување на интегрални решенија за мониторинг на температура, влага и други параметри;
  3. работа во просториите на Фармахем Сервис, како и посетa на клиентите од биохемиските лаборатории заради одржување и сервисирање на инструменти од областа на медицината (хематолошки бројачи, биохемиски анализатори, имунолошки анализатори, гасни анализатори).

       Приоритет имаат првите 2 наведени задачи.

Позицијата е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Нудиме:

  • атрактивна и динамична работа;
  • можност за надградба на професионален план;
  • одлични услови за работа;
  • можност за брзо напредување во кариерата. 

 

Позицијата е со седиште во Скопје.

Работно време од 08:00–16:00 h (понеделник–петок).

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 18.12.2018

Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »