За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува над 60 продажни места, во Република Словенија 2 продажни места додекa во Северна Македонија 8 продажни места. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори. На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност.
Поради отворање на нов продажен салон во Скопјe со површина од 4 000 м2 во склоп на Godi Retail Park, имаме потреба за проширување на тимот. Бараме компетентни и добро обучени луѓе насочени кон остравување на резултати, склони на тимска соработка со желба за нови знаења и вештини, и кои би биле заинтересирани за работната позиција:
СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА
Број на работни места: 4
Локација: Скопје - Godi Retail Park
Твоите работни обврски вклучуваат:
- Комуникација со потрошувачи;
- Испитување на потребите на потрошувачите (стилски, естетски, функционални);
- Презентирање на производите и продажно советување;
- Давање решение за потрошувачот и креирање на понуда;
- Грижа за изгледот, исправноста и уредноста на производите и салонот;
- Грижа за декорацијата и промена на цена;
- Испитување на задоволството на купувачот;
Твојот профил треба да биде:
- Сакаш мебел, внатрешно уредување и дизајн;
- Имаш позитивен став;
- Флесибилен си и спремен за учење;
- Спремен си за работа во динамична средина;
- Спремен си за тимска работа;
- Имаш работно искуство на иста или слична позиција;
- Имаш одлични комуникациски и продажни вештини;
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи;
- Си мотивирана и стабилна личност;
Нудиме:
- Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
- Систем на наградување на успешните вработени.
Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.
Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите можете да се пријавите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Советник за продажба во Скопје или на следниот линк: https://prima-karijere.talentlyft.com/o/EBl/apply