Графички дизајнер и вршење техничка припрема на цртежи

Плата од 25.000 ден.

За компанијата: Компанијата Електронеон Плус е присутна на пазарот од 1968 година и брои повеќе од 30 вработени. Станува збор за современа производна компанија која што во доменот на услугите за изработка на натписи на... повеќе за компанијата »

Компанијата Електронеон Плус е присутна на пазарот од 1968 година и брои повеќе од 30 вработени. Станува збор за современа производна компанија која што во доменот на услугите за изработка на натписи на фирми целосно ја прати светската технологија и современите трендови и непрекинато до денес да ја обавува таа дејност.

Компанијата Електронеон Плус главно се занимава со изработка на светлечки реклами и реклами изработени од неон. Исто така се завимава со печатење на налепници, етикети, постери, билборди, брендирање на комерцијални возила, гравирање информативни табли и натписи и сл.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Изготвување на идејни решенија за реклами
  • Прилагодување на готови дизајни и подготовка за печат
  • Графичка подготовка на скици и цртежи
  • Соработка и директна комуникација со клиенти

ПОТРЕБНИ  КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Со или без работно искуство
  • Познавање на програмите Adobe Photoshop, Adobe Illustrator или Corel Draw
  • Креативна личност
  • Организирана и одговорна личност

НУДИМЕ:

  • Работно време 07:30 – 15:30 часот (пон – пет)
  • Пријатна работна атмосфера
  • Обезбеден топол оброк

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »