Помошник магационер

Paket.mk е онлајн супермаркет, кој воедно е и најбрзо растечката интернет продавница во Македонија. Во нашиот асортиман имаме околу 200 различни свежи артикли чиј квалитет, разноликост и свежина ни овозможуваат да бидеме омилениот избор за нашите купувачи.

Работиме од понеделник до сабота во две смени (08:00-15:00 и 15:00-21:30), но на почетокот (првите 3-6 месеци) оваа позиција е предвидена само за прва смена. Локацијата е во Порта Влае.

Што ќе работиш ти?

  • Стигна нов дотур на овошје и зеленчук? Почнуваш да го отпакуваш, прегледуваш, сортираш, мериш, евидентираш и го редиш на соодветна позиција.
  • Гужва при прием на други производи? Го прашуваш главниот оператор на смена како можеш да помогнеш и се вклучуваш во другите сектори од магацинот.
  • Приметуваш дека нешто истекло на подот? Веднаш го земаш мопот и се погрижуваш да остане секогаш сè чисто и уредно.
  • Гужва во спремање на нарачките? Го прашуваш главниот оператор на смена како можеш да помогнеш и се вклучуваш во другите сектори на магацинот.
  • Пристигна нов дотур на свеж леб и други свежи производи? Почнуваш да го отпакуваш, прегледуваш, и редиш на соодветната позиција.
  • Нашите купувачи секогаш го добиваат најдоброто овошје и зеленчук? Периодично ја проверуваш секоја гајба, каде што е потребно прскаш со вода, преместуваш на пониска температура и ја отстрануваш втората класа и кало растурот.
  • Заврши твојата смена? Финално ја проверуваш состојбата на залихата на овошје и зеленчук и правиш список за потребен дотур.
  • Треба да се превземе некоја набавка? Со службеното возило одиш до добавувачот, ги прегледуваш производите и се уверуваш дека се со одличен квалитет, ги ставаш во комбето и ги носиш назад до нашиот магацин.
  • Вонредна ситуација кај доставувачите? Облекуваш униформа за достава и помагаш при доставата.

Поволности кои ги добиваш:

  • Почетна плата од 15.000 денари со гарантиран напредок и постојано зголемување на платата
  • Соодветни услови за работа
  • Работа од 40 часа неделно, годишен одмор и слободни државни празници
  • Континуирани интерни обуки за работа со современи системи за е-трговија
  • Можност за унапредување

Прочитај го целиот оглас и аплицирај на: https://www.paket.mk/oglas-za-pomosnik-magacinski-operator-oddel-svezo-ovosje-i-zelencuk/?fbclid=IwAR0P5t4VKDDb8YTqj3CzQVnPChdXtMw1sxnCeOhrrNGgjqFWEBd2T34P9G0

Огласот е отворен до исполнување на позицијата.
Прашања и повеќе информации на jobs@paket.mk

КЛИКНИ