СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

  • Објавен пред една недела
  • Тродат Печат Гравер
  • Активен до 17.08.2019
  • Позиција: Програмер/информатичар/дизајнер
  • Локација: Скопје

Активни огласи од Тродат Печат Гравер:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

За Тродат Печат Гравер ДОО:

Со постоење од веќе 30 години, тимот на Тродат Печат Гравер секојдневно инвестира во раст на компанијата и овозможува врвен квалитет и професионалност.

Соработата со австриската водечка команија на светскиот пазар за печати – Trodat, овозможува нашата компанија постојано ги следи светските трендови.

Ви овозможуваме голем асортиман од производи и сè во врска со печатите и гравирањето. Изработката на печатите и гравирањето е со компјутерско ласерска технологија, што ви гарантира изворедна прецизност и квалитет на производот.

 

За позицијата:

Имаме потреба од СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ кој ќе биде вклучен во секојдневните маркетинг активности на фирмата. Пожелно е кандидатот да е активен дигитален маркетер кој ќе ја спроведува и унапредува маркетинг стратегијата на фирмата. 

 

Опис на работно место:

Развивање и спроведување успешна стратегија за дигитален маркетинг, која целосно ќе биде во согласност со постоечките стратешки маркетинг програми и цели на компанијата.

  • Дизајн и уредување на интернет активности;
  • Пишување текстови / описи за интернет страницата;
  • Ќе го зголеми онлајн присуството на компанијата преку активности како SEO, блогови, социјални медиуми, вебсајт маркетинг, имејл кампањи и Google ADS.
  • Управување и уредување на содржини на социјалните мрежи.
  • Дизајн, поставување и следење на текот на интернет/ дигиталната кампања.
  • Останати работи во областа на маркетингот.

CV-ијата можете да ги испратите на следната имејл адреса  jobs@trodatpecati.mk  или да аплицирате преку вашиот профил на kariera.mk

КЛИКНИ