ОДГОВОРНО ЛИЦЕ за маркетинг, организација на настани, резервации и комуникација со клиенти

(преземи го огласот како PDF)

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ

за маркетинг, организација на настани, резервации и комуникација со клиенти

 

Компанија:     Party bar SUBWAY

(Друштво за услуги О&Г ДОО Скопје)

Адреса:  ул. Пиринска бр. 45 Центар, Скопје

(од ул. Ленинова, поред Кафе бар БАСТИОН, кон кружниот тек)  

 

Потребни квалификации, вештини и способности:

  • ВСС ќе се смета за предност
  • Работно искуство на исти или слични позиции ќе се смета за предност
  • Познавање на угостителство
  • Познавање на процедурите за деловно планирање и финансирање
  • Активно користење на MS Office пакетот, Power Point, Photoshop, ...
  • Управување со човечки ресурси
  • Комуницирање со соработници и клиенти
  • Развиени аналитички, презентациски и комуникациски вештини
  • Совесност, одговорност и предаденост на работата
  • Активно следење на пазарот
  • Преговарачки и организациски способности

Задачи и одговорности:

  • Администратор на интернет страна, Facebook, Instagram, ...
  • Презентирање на можностите на компанијата, изготвување на програми, понуди, специјални акции, промоции, пакети и производи
  • Иработка на презентации и понуди во Power Point
  • Изработка на банери во Photoshop
  • Поставување на линкови до одредени содржини
  • Планирање и реализација на настани
  • Спроведување на сите продажни активности
  • Одговорност за резултатите и трошоците
  • Контрола на сите активности
  • Редовни контакти со клиентите и гостите и наоѓање на нови клиенти.

Личен профил:

  • Комуникативност, одговорност, темелност, енергичност и лојалност
  • Лидерски и организациски способности
  • Инвентивност, креативност, педантност, естетика, позитивен став
  • Самоиницијативност и посветеност
  • Индивидуална и тимска работа
  • Професионален и љубезен однос кон клиенти
  • Градење, развивање и задржување на релации со клиенти

 

Сите заинтересирани кандидати можат да ја пратат својата кратка биографија (CV) на следнава e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Напомена: 

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.   

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »