Советник за продажба на осигурување на живот

(преземи го огласот како слика)

Тимот го прошируваме со Советник за продажба на осигурување на живот

Работни задачи и одговорности:

  • Реализација на планот на продажба преку посета на клиенти, склучување и продажба на осигурување на живот;
  • Стручно усовршување, посета на обуки за дополнување на знаењето во земјата и странство;
  • Обновување и зголемување на сопственото портфолио на осигурување;
  • Грижа за сигурна иднина и живот со насмевка.

Очекуваме:

  • Високо или средно образование од економска или сродна област;
  • Возачка дозвола Б категорија, поседување сопствено возило ќе се смета за предност;
  • Одлични комуникациски, организациски и презентациски вештини;
  • Амбициозност и желба за учење;
  • Самоиницијативност, проактивност, одговорност и насоченост кон остварување на продажни резултати.

Нудиме:

  • Вработување во успешна, реномирана, интернационална компанија;
  • Работа со современи технологии и едукација во странство;
  • Грижа за личниот и кариерниот развој на вработените;
  • Динамична и флексибилна работна средина;
  • Неограничени можности за напредување и заработка;
  • Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.

Основната нето плата за работен однос на полно работно време за оваа позиција изнесува 19.000,00 денари, со можност за варијабилен дел од плата врз основа на работна успешност за реализација на поставените цели.

Кратка биографија (CV), мотивациско писмо и останати документи (потврди, сертификати и стекнати лиценци) може да испратите на наведената адреса или на e-mail: vrabotuvanje@triglav.mk не подоцна од 17.04.2019 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју. Процесот на избор на кандидати ќе заврши заклучно со 29.04.2019 година.

КЛИКНИ