КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕРЕН И ВО КАНЦЕЛАРИЈА (РЕОН МАКЕДОНИЈА)

За компанијата: KGT Group од Скопје е генерален застапник за Македонија на Холандскиот бренд за електричен рачен алат FERM и Австрискиот водечки бренд за абразивни матeријали и машини за градежната индустрија TYROLIT. FERM... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 6.2019
  • KGT Group
  • Активен до 22.06.2019
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје
  • Телефон: +389(0)22555330
  • Веб: www.ferm.com

KGT Group од Скопје е генерален застапник за Македонија на Холандскиот бренд за електричен рачен алат FERM и Австрискиот водечки бренд за абразивни матeријали и машини за градежната индустрија TYROLIT.

FERM е основан во 1965 година и е еден од водечките Европски брендови за електричен алат со седиште во Зволе, Холандија.
FERM развива и произведува широк спектар на високо квалитетен електричен алат за професионалниот и DIY пазар. 
Сите FERM производи се конструирани и испитани според строгите Европски стандарди каде што и нашата компанија е позната по својте квалитетни производи и сервис. 

TYROLIT основана во 1919 година и е членка на Групацијата Сваровски, со седиште во Шварц, Австрија, а во моментов има над 4.300 вработени на 26 производни локации во 11 земји и на 5 континенти. 
TYROLIT, индустриска трговија чии производите се нудат на купувачи ширум светот од 35 продажни компании и дополнителни дистрибутери во 65 земји. 
Експертите во TYROLIT се познати низ целиот свет за совладување на широк спектар на предизвици и се водечки партнери во развојот на нови и иновативни решенија во градежната индустрија.

Во моментов, имаме потреба од следнава работна позиција:

Комерцијалист за продажба на терен и во канцеларија (реон Македонија)

Опис на работно место:

  • Изработка на план на активности и придржување до планот.
  • Редовна посета на купувачи и продажни места во Скопје и Републиката.
  • Работа на терен – минимун два дена во неделата.
  • Помош при подготовка на роба за на терен.
  • Учество во презентации и обуки.
  • Изработка на понуди и фактури и учество во сите продажни активности на компанјата.
  • Месечни писмени извештаи до претпоставениот на сектор

 

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование IV степен, (високо образование ќе се смета за предност),
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност,
  • Познавање од областа на електричен и рачен алат ќе се смета за предност,
  • Практично познавање на MS Office пакетот,
  • Задолжително основно познавање на Англиски јазик,
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

 

Дополнителни информации:

 

  • Можност за брзо напредување на поголема позиција

 

  • Службено возило и мобилен телефон

 

  • Основна плата со бонуси

 

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »