Административен работник

За компанијата: NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето... повеќе за компанијата »

Позиција: Административен работник со познавање на материјално работење
 

Локација: Маџари, Скопје

Опис на работното место: Компанијата Натура Терапи има потреба од Административен работник со искуство и познавање во материјално работење. Кандидатот ќе биде одговорен за поддршка на административни и организациски процеси, како и за управување со документација поврзана со материјалните текови на компанијата.

Главни одговорности:

  • Управување и ажурирање на документацијата за материјални текови
  • Прием, складирање и следење на материјали
  • Подготовка на извештаи и документација за инвентар и залиха
  • Комуникација со добавувачи и клиенти во врска со испораки и материјали
  • Поддршка на други административни задачи и канцелариско работење

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование, пожелно економска насока
  • Искуство во административна работа и управување со материјали (најмалку 1 година)
  • Одлично познавање на компјутерски програми (MS Office, ERP системи)
  • Способност за организација и управување со време
  • Прецизност и внимание на детали
  • Познавање на албански и англиски јазик ке се смета за предност

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата
  • Можност за професионален развој
  • Пријатна работна средина и поддршка од тимот
     

Доколку сте мотивирана и одговорна личност со желба за работа во динамична средина, испратете ја вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »