За компанијата: Ние имаме 40 канцеларии во 20 земји и воедно сме зачетници во професионалното советување на територијата на источна Европа. Нашата разгранета мрежа и широката палета на услуги кои ги пружаме гарантира...
повеќе за компанијата »ХИЛЛ објавува оглас за својот Клиент, ТГС – „Технички гасови“, дел од италијанската SOL групација со 90 годишна традиција и искуство во областа на производство и трговија со технички и медицински гасови. Компанијата успешно оперира ширум Европа и бележи континуиран раст и експанзија на пазарот. За потребите на компанијата во Скопје, бараме мотивирана и про-активна личност за позицијата
Одговорен за Активен Циклус во Сметководство
Квалификации:
- Економски факултет- смер Сметководство
- Работно искуство не е неопходно, но пожелно е минимум 2 години во областа на сметководството
- Искуство во индустрија и интернационално опкружување ќе се смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
- Возачка дозвола – Б категорија
- Про-активност, темелност, високо развиена аналитичност и ориентација кон детали
- Желба за учење и напредок во областа на сметководството
- Развиено чувство за бизнис процеси
Одговорности:
- Контрола на сметководствената евиденција и документација во Активниот циклус
- Контрола на исправноста на сметководствената евиденција на сметките за побарувања, приходи, приливи, платени аванси и сл.
- Одржува комуникација со деловни партнери, се грижи за навремено фактурирање и срамнување на книговодствената евиденција на побарувања и обврски
- Книжење изводи
- Следење на законските прописи во областа
- Учество во подготовка на квартални и месечни извештаи за продажбата
- Соработка со сите сектори во компанијата
Работно време од Понеделник до Петок, од 08.00-16.00 часот.
Доколку сакате да градите кариера во областа на сметководството во интернационална и стимулирачка работна средина, со можност за развој, Ве молиме испратете го вашето CV и мотивационо писмо на англиски јазик, со назнака за позицијата. Крајниот рок за доставување на апликациите е 23.02.2017.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Во зависност од бројот на пристигнати апликации, изборот ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување.
e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
www.hill.mk
tel: +389 2 3296 481
Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве молиме наведете го тоа во мејлот.