Саглам Програмер (PHP)

  • Објавен пред една недела
  • Eyetea Solutions
  • Активен до 15.12.2017
  • Позиција: Програмер/информатичар/дизајнер
  • Локација: Скопје

Eyetea Solutions бара саглам програмер со искуство во следниве технологии:

 

  • PHP / Laravel (или Python / Django),
  • SQL,
  • Front-end Javascript ( Angular.js или React.js или ...  ),
  • REST методологија,
  • Англиски јазик и способност за самостојна комуникација со клиент.

 

Бонус технологии:

  • Linux,
  • Elastic Search,
  • Load Balancing,
  • Redshift, 
  • Play store / App store billing integration,
  • SMS billing services.

 

Eyetea Solutions е колектив од 8 (со зборови: осум) фриленс програмери со заедничка канцеларија во Скопје (Тафталиџе). Постоиме 3 години, и супер ни оди до сега. Работиме од канцеларија, или од дома, или од било каде по желба.

Бараме човек кој може самостојно да комуницира со клиент и да води проект без надзор од менаџер. Проектот е систем за филијален (affiliate) маркетинг, опслужување реклами и следење на кликови и конверзии. Системот работи во некоја рудиментирана верзија, бараме човек кој ќе го препише и ќе ја постави архитектурата од ново. Расположени сме да примиме и човек без особено искуство во PHP, доколку е спремен да се префрли (или да го убеди клиентот дека е подобро да се развива во друг јазик). За истиот клиент (од Белгија) работиме веќе 2 години, стабилен е, и добро плаќа.

 

Пријава на jobs@eyetea.mk

КЛИКНИ