Оглас за регионален координатор во Југоисточниот регион ( Радовиш или Струмица)

Националната Федерација на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија “Профитабилно земјоделство-Стабилно село”. Целните групи со кои работи Националната Федерација ги опфаќа сите категории земјоделци од најсиромашните, ранливи, земјоделски семејни стопанства, земјо-делски организации и земјоделските задруги како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализација на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. Посебно внимание НФФ обрнува на младите и жените, родовата еднаквост и намалување на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, има потреба од ангажман на:

 

 РЕГИОНАЛЕН КООРДИНАТОР во  Југоисточниот регион ( Радовиш или Струмица)

 

Регионалниот координатор треба да:

  • Има знаење за земјоделскиот сектор и земјоделското здружување во регионите за кои аплицира;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Одлични вештини за известување;
  • Одлични организациски вештини;
  • Флексибилност во работното време;
  • MS Windows, MS Office компјутерски вештини;
  • Возачка дозвола (категорија Б);
  • Пожелно е да има високо образование и познавање на Англиски јазик;

Регионалниот координатор пожелно е  да има искуство во:

  • Организирање на настани и активности за поддршка на земјоделците;
  • Комуникација со различни засегнати страни и активности за грижа за корисниците;

 

 

 

 

Регионалниот Координатор мора да биде способен да:

  • Ги следи анти-корупциските и антидискриминаторските принципи
  • Работа во атмосфера на родова еднаквост
  • Работа под притисок и кратки рокови
  • Тимска работа
  • Спречување и решавање на конфликти

Обврките на регионалниот координатор опфаќаат:

  • Директна комуникација со сегашните и потенцијалните членови на НФФ
  • Имплементација на активности согласно годишните планови на НФФ
  • Реализација на комерцијални услуги
  • Организирање на стручна советодавна помош за членството
  • Привлекување на нови членови
  • Организирање на трибини, состаноци, обуки и други теренски активности  во координација со главната канцеларијана НФФ
  • Соработка со институции на локално ниво.

 

За својата работа Регионалниот  координатор за реализираните активности треба да  изготвува  извештаи на месечно ниво до главната канцеларија на НФФ.

 

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија), и свои препораки од претходни работодавачи или образовни институции  на e-mail:   [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 25.07.2019 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »