МАГАЦИОНЕР/КОМЕРЦИЈАЛИСТ/ОПЕРАТОР ЗА ONLINE ПРОДАЖБА

За компанијата: ЛЕОМАР ГРОУП доо е компанија чија основна дејност е увоз и продажба на женска и машка долна облека, пижами и костими за капење од брендот Bonatti, како и хулахопки и чорапи од брендот Fiore. Нашето искуство... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Компанијата ЛЕОМАР ГРОУП доо е овластен дистрибутер на Bonatti и Fiore за Р Македонија.

Поради зголемување на обемот на работење, имаме потреба за пополнување на следниве работни места:

 

МАГАЦИОНЕР - КОМЕРЦИЈАЛИСТ

Вработениот ќе биде дел од прекрасна динамична работна атмосфера и опкружување, во кое секој има можност да го даде својот максимум.

 

Опис на работно место:

  • Организација на магацинско работење
  • Прецизно водење на материјална  евиденција на стоки на залиха и нивно совесно и одговорно менаџирање. 
  • Координација на магацинското работење со малопродажните објекти
  • Следење на ниво на оптимални залихи на производи
  • Примање нарачки, нивно пакување, изготвување документација и дневна испорака на стока до сопствени продавници и до клиенти
  • Одговорен за големопродажба
  • Пронаоѓање нови клиенти и одржување релации со постоечките
  • Одговорен за наплата на достасаните обврски на клиентите
     

Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство во продажба и магацинско работење ќе се смета за предност
  • Развиени продажни способности, комуникативност
  • Иницијативност, прецизност, придржување до рокови, лојалност
  • Способност за работа под притисок
  • Солидно познавање на MS Office пакетот;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Познавање на Англиски јазик

 

ОПЕРАТОР ЗА ONLINE ПРОДАЖБА

Вработениот ќе биде дел од прекрасна динамична работна атмосфера и опкружување, во кое секој има можност да го даде својот максимум.

 

Опис на работно место:

  • Стартување на платформа за online продажба
  • Дневно ажурирање на податоците во online продавницата
  • Координација и соработка со магацинот и сопствените продавници
  • Одржување контакт со фирма доставувач и клиенти
  • Одржување на профилот на социјалните мрежи
  • Маркетиншки активности поврзани со популаризација на online продавницата

 

Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство во продажба, посебно online ќе се смета за предност
  • Развиени маркетиншки и продажни способности
  • Иницијативност, иновативност, прецизност, придржување до рокови, лојалност
  • Способност за работа под притисок
  • Солидно познавање на MS Office пакетот;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Познавање на Англиски јазик

 

Ние нудиме пријатна работна средина и солидна плата.

 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Своите апликации испратете ги на следниов e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

www.leomargroup.mk

 

Bonatti Macedonia www.facebook.com/BonattiMacedonia

 

bonatti_macedonia  www.instagram.com/bonatti_macedonia

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »