Конкурс за избор на Извршен директор на Европска бизнис асоцијација (ЕБА)

1. ОПИС

Европската бизнис асоцијација (ЕБА) бара кандидат кој ќе ја преземе улогата на извршен директор (ИД) почнувајќи од јануари 2022 година. ИД рапортира на одборот на директори и го води спроведувањето на годишните работни планови на организацијата, во согласност со визијата и мисијата на ЕБА. Тој/таа се поврзува со релевантните владини органи, меѓународни организации и нивните релевантни проекти, како и со дипломатската заедница во Скопје за да го зголеми нивното разбирање за предизвиците на членките и реформските приоритети. Тој/таа работи на континуирано додавање вредност на членството и зголемување на учеството во настаните, комуникациите и иницијативите на здружението.

2. ОДГОВОРНОСТИ

  • Управува со канцеларијата на ЕБА и нејзиниот персонал на дневна основа.

  • Ги организира и надгледува активностите на канцеларијата и персоналот.

  • Подготвува годишни и месечни буџети за приходите и расходите и ги анализира планираните наспроти реалните финансиски средства.

  • Тесно соработува со Одборот на директори:

  • Ја реализира годишната програма на ЕБА

  • Развива и одржува контакти со македонската деловна и дипломатска заедница, локалните медиуми и македонската влада со цел да ги пренесе приоритетите, предизвиците и ставовите на членовите за различни клучни прашања.

  • Ја промовира ЕБА, барајќи нови членови, а истовремено ангажира што е можно повеќе постоечки членови.

  • Спроведува други функции како што бара Одборот на директори.

4. ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • високо образование, при што предност ќе имаат кандидатите со високо образование од областа на економија, бизнис администрација, стратегиски менаџмент, менаџмент со човечки ресурси, правни науки (научен степен магистер или доктор на науки ќе се смета за предност);
  • активно познавање англиски јазик;
  • одлично познавање на MS Office пакет програми и развиени компјутерски вештини;
  • учество во истражувања, студии за изводливост;
  • способност за раководење и контролирање на работата и обврските;
  • одлични интерперсонални вештини и способност за воспоставување на ефикасно работно опкружување;
  • одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
  • конструктивен пристап кон работните процеси, стратегии и цели;
  • проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
  • подготвеност за извршување на должности надвор од дефинираниот опсег;
  • способност за организирање задачи според приоритет и во кратки рокови;
  • личност со интегритет и лојалност кон организацијата.

Од дополнителна важност се следните карактеристики: • Познавање на целокупното деловно опкружување во С. Македонија. • Имање искуство во: • организирање настани од висок профил и прес-конференции; • уредување и развој на содржина за социјалните медиуми; • анализа на јавните политики, искуство со коморско работење, тинк-тенкови и/или невладини организации.

5. НАЧИН НА АПЛИКАЦИЈА

Кандидатот треба да ги достави следните документи:

  • Работна биографија;

  • Писмо за мотивација;

  • Потврди и препораки од претходни работни ангажмани (копија);

  • Потврда за познавање англиски јазик (копија).

Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, потребната документација може да ја испратат во скенирана форма, по електронска пошта, на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: Пријава за избор на извршен директор, на адреса:

Рокот за пријавување е до 24.12.2021 год. до 17:00 часот.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »