Фармацевтски техничар - 3 та смена

"Виола" Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Од своето основање во 1992 год., компанијата бележи континуиран развој. Визијата да понудиме комплетна услуга на граѓаните, ја реализиравме со фунцкионирањето на двете компании: "Виола" Аптеки и Веледрогерија Виола Трејд.

Во Виола секогаш ќе наидете на професионализам и квалитетна услуга од страна на нашиот тим на фармацевти и доктори.

Повелете, ние сме тука да Ви помогнеме да живеете поздраво и поквалитетно!
Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција:

 

ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - 3 та смена

 

Потребни квалификации:

  • ССС медицинско училиште – отсек фармацевтски техничар (со уверение за положен стручен испит),
  • Претходно работно искуство во аптека од најмалку 1 година,
  • Одлично познавање на Англиски јазик,
  • Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office.


Посакувани карактеристики:

  • Способност за брзо учење,
  • Развиени комуникациски вештини,
  • Стручност и елоквентост,
  • Диманичност и креативност,
  • Организираност, самоиницијативност.


Што нудиме:

  • Можност за професионален развој и надоградба,
  • Солидни месечни примања + бонуси во согласност со постигнатите резултати.

 

Доколку сакате да станете дел од тимот на врвни професионалци, Ве покануваме да аплицирате.
Вашата Професионална Биографија (CV со задолжителна фотографија), доставете ја на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака на апликацијата
„За оглас –  Фармацевтски техничар - 3 та смена“

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.  
Апликациите без фотографија нема да бидат разгледани!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »