Стручен соработник – Медицински претставник (за територијата на Скопскиот и Североисточниот Регион)

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

За вработување кај наш реномиран клиент во потрага сме по:

Стручен соработник – Медицински претставник (за територијата на Скопскиот и Североисточниот Регион)

 

ЗАДАЧИ:

  • Презентација и обезбедување на соодветни и навремени информации за брендовите на компанијата, преку посети на здравствените работници
  • Соработка, воспоставување и развивање на комуникација со здравствените работници и здравствените власти

БАРАМЕ:

  • Високо образование (Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет)
  • Активно познавање на англискиот јазик
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office
  • Положен возачки испит (Б категорија).
  • Претходно работно искуство во областа не е неопходно, но ќе се смета како предност
  • Стручна компетентност и претприемачки дух
  • Комуникациски, преговарачки и вештини за презентирање
  • Работа во тим и способност за разрешување на конфликти на работното место
  • Високо развиена работна етика и способност за работа под притисок

НУДИМЕ:

  • Едукација за производите и обука за продажба
  • Неопходни средства за реализирање на работните задачи
  • Можност за докажување на Вашите професионални способности во динамична работна средина
  • Бонуси во зависност од остварување на зададените цели

 

Кандидати кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.

Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.

Селекцијата на кандидати се извршува по истекот на огласот. Доколку бидат доставени над 120 биографии, селекцијата се врши и до 120 денови.

Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.m

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »