Техничар за обезбедување на телекомуникациски услуги (за регион Чаир и Ченто)

За компанијата: ЖИКОЛ е лидер во градењето на Вашата визија. Ние сме градежници пред сè и тоа нè разликува од другите! Градете ја вашата иднина денес. повеќе за компанијата »

ДГТ Жикол ДООЕЛ – реномирана градежна компанија, која повеќе од 30 години успешно работи на македонскиот пазар, има потреба од нови лица во својот тим.

 

Техничар за обезбедување на телекомуникациски услуги (за регион Чаир и Ченто)

 

Профил на работната позиција:

Техничарот за обезбедување на телекомуникациски услуги е одговорен за инсталација, пуштање во работа, тестирање, одржување и оптимално функционирање на опрема за обезбедување на телекомуникациските услуги согласно потребите на Македонски Телеком АД Скопје.

Опис на работни обврски:

Инсталирање на телекомуникациски услуги преку оптичка инфраструктура на корисничка страна, во сите сегменти (ODC, ODB, splicing на оптички влакна со механички или фузионен splicer, поврзување на оптички влакна во сплитер, изведба на секундарна мрежа, внатрешна инсталација, инсталација на CPE опрема);  Непречено работење на височина до и над 4 метри,

Профил на кандидатот:

Минимум средно образование или диплома за занимање квалификација IV/III степен; Монтажерски и инсталациски компетенции на телекомуникациски кабли (преферирано оптика, предност доколку се познава и бакар) и LAN мрежи.

Комуникативна и амбициозна личност со желба за усовршување;

Способност за справување во конфликтни ситуации;

Тимски дух и способност за работа во големи тимови;

Важечка возачка дозвола Б категорија.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да го достават своето CV на

[најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »