Стручен соработник

  • Објавен пред 2 недели
  • Executive Search Consulting
  • Активен до 16.09.2021
  • Позиција: Продавач/трговец
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот како PDF)

Наш клиент е Салвео, реномирана фармацевтска компанија која на пазарот во Централна и Источна Европа од 2007 година гради успешни брендови на безрецептни производи, почитувајќи ги највисоките стандарди за квалитет. Своите соништа и визија за деловен успех Салвео ги претвора во реалност и секојдневно ги споделува со своите соработници и партнери.

Суштината на успехот на Салвео е тим од посветени, страсни и проактивни вработени кои споделуваат јасна деловна визија, притоа градејќи препознатлива организациска култура. Повеќе информации за Салвео на https://www.salveo-cee.com

Дали сакате да бидете дел од тимот на Салвео во Македонија?
Салвео има отворена работна позиција за:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
за регион Скопје и Источна Македонија

Цел на работната позиција:

Промоција и продажба на цело портфолио со фокус на препаратите од фармацевтските производители MERZ и ENGELHARD

Опис на работата:

  • Секојдневна посета на лекари и фармацевти
  • Промоција и презентација на производите
  • Изработка и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени  цели
  • Редовни извештаи од теренската работа
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
  • Учество и организирање на стручни и едукативни собири

Потребни квалификации и искуство:

  • VII-1 степен на стручна подготовка : Фармацевтски ,Медицински или     Стоматолошки факултет
  • Минимум 2 години работно искуство во промоција на фармацевтски производи ќе се смета за предност

Потребни вештини и способности:

  • Комуникациски и презентациски вештини
  • Продажни и преговарачки вештини
  • Вештина на влијание и управување со разговор /состанок
  • Вештина на решавање проблем и приговор
  • Стручно знаење – познавање на производите
  • Вештина на управување со време, енергија и стрес
  • Тимска работа и соработка
  • Англиски јазик, среден до напреден степен на знаење
  • Познавање на работа со MS Office, среден до напреден степен на знаење
  • Возачка дозвола Б категорија

Салвео нуди:

  • Високи стандарди на работа, како и застапување на квалитетни брендови
  • Работно опкружување каде што вработените се на прво место
  • Компанија во која  денот на твојот роденден го поминуваш со фамилијата и пријателите
  • Приватно здравствено осигурување

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на [email protected], најдоцна до 12.09.2021, со назнака за Стручен соработник. Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор. За повеќе информации јавете се во Executive Search Consulting на (02) 2700-425.

Со аплицирање за оваа работна позиција, вие сте согласни да го задржиме вашето CV и лични информации во нашата база на податоци, дозволувајќи ни да ве контактираме за некоја идна позиција која е во согласност со Вашите квалификации и интереси. Доколку не сакате Вашето CV да биде зачувано во нашата база на кандидати, наведете го тоа во Вашата електронска порака.