Технолог - Битола

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »

Активни огласи од ЦЕРМАТ ДОО:

Работници во производство - Битола

Цермат доо Битола, има потреба од ТЕХНОЛОГ ВО ПРОИЗВОДСТВО.

Доколку си личност која сака да биде клучна алка во синџирот на производство и контрола на безбедноста и квалитетот, тогаш пријави се на следниот оглас  за:

Потребни квалификации:

•    Завршено високо образование – Биотехнички факултет

•    Висок степен на мотивација за работа во тим,

•    Мотивација за работа во динамично опкружување,

•    Силни развиени организациски и аналитички вештини,

•    Основно познавање на MS Office – Excel, Power Point, Internet,

•    Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност,

•    Претходно слично работно искуство ќе се смета за предност,

•    Познавања  од       областа  на  развој  на  нови   производи, планирање  на               производство,

•    Познавање на НАССР стандарди,

•    Комуникациски вештини и тимска работа,

•    Желба за напредок.

Краток опис на работно место и основни одговорности:

•    Работење во согласност со правните норми и етичките кодекси на компанијата,

•    Атрактивна и динамична работна средина,

•    Контрола и квалитет на готов производ,

•    Контрола на производствените процеси по фази.

 

Нашата компанија придава голема важност на цврстата волја и определеноста кон носење резултати, но секако и кон развој на сопствениот кадар преку перманентно учење и сопствен личен развој. Позицијата нуди можност за понатамошен Ваш личен и професионален развој во позитивна и динамична работна околина.

 

Доколку сметате дека сте спремни да станете дел од Цермат семејството, испратете Ваше CV на следниот е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака ТЕХНОЛОГ.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »