(преземи го огласот во Word)
НИЕЛСЕН АУДИЕНЦЕ МЕАСУРЕМЕНТ ДОО СКОПЈЕ објавува оглас за следнaта позиција:
СЛУЖБЕНИК ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ЗА ТЕЛЕВИЗИСКИ И ПРОГРАМСКИ СОДРЖИНИ
Цел на работата: Внесување на телевизиски комерцијални и програмски содржини
Најважни задачи и одговорности:
1. Внесување на телевизиски комерцијални и програмски содржини.
2. Проверка на сите внесени податоци.
3. Споредување на логоата на телевизиските станици со внесените податоци заради утврдување на доследност.
4. Комуникација со тимот и секојдневна координација со раководителот и супервизорот за ТВ настани за сите внесувања и евентуални прашања.
Лични карактеристики/потребни квалитети:
Особини и лични квалитети
Прилагодливост: Способност за прилагодување на секојдневните промени на работа во смисла на промена на рекламниот пазар.
Учење: Способност за развивање на сопственото знаење и вештини со цел лично и деловно усовршување.
Одговорност: Исполнување на сите обврски по налог на раководителот и супервизорот за ТВ настани.
Продуктивност: Способност за самоорганизирање со цел извршување на сите задачи во дадените рокови.
Тимска работа: Способност за извршување на задачите како самостојно, така и тимски.
Точност: Да се биде внимателен и доследен при внесувањето и проверката на податоците, да се има чувство за поединечност и смисла за воочување на мали, но важни визуелни и логички разлики, со висок степен на способност за концентрација и паметење.
Брзина: Способност за брзо реагирање во неочекувани и неодложни ситуации, прецизност при извршување на секојдневните обврски во рамките на поставените рокови.
Потребни квалификации:
· Одлично познавање на Македонски и Албански јазик;
· Средно стручно образование;
· Искуство со работа со компјутери;
· Умешност да се работи со голем број информации;
· Работа во куси временски рокови;
· Способност за индивидуална и тимска работа;
· Одговорна и лојална личност.
Испратете CV na [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака ОГЛАС