Промовирани огласи »

Луис Хамилтон го направи неочекуваното овој викенд, покрај сите потешкотии со кои се соочи тој сепакпобеди во трката за Големата Награда на Бразил. Тој беше дисквалификуван од квалификациите пак мораше на спринт трката да тргне последен, а имаше и пет места казна за главниот настан на „Интерлагос“. Сепак, ги надмина потешкотиите и почнувајќи десетти победи на трката, а по неа изјави дека ова била најтешката и најдобра во неговата кариера. 
 

Во пресрет на овој викенд не сметав дека толку ќе го смалиме заостанокот зад Макс. Работите одеа многу лошо, но мислам дека ова покажува дека никогаш не треба да се откажуваме. Мораме да продолжитме да се бориме, така јас пристапив овој бикенд и од тоа црпев инспирација. Тргнав последен на спринтот и имав пет места казна, мислам дека ова ми беше најтешкиот викенд во кариерата. 

Сепак, знаев дека ќе го стигнам Верстапен во еден момент, тоа беше мојот став од стартот - „Доаѓам по тебе“. Не знаев дали е можно да се вратиме по дисквалификацијата. Само дадов се и дефинитивно, освен што ова беше најтешката, сепак беше можеби најдобрата трка во мојата кариера“, изјави Хамилтон.

 

Хамилтон успеа да ја намали бодовната разлика во однос на Верстапен и сега таа изнесува 14 поени, па во последните три трки што идат се очекува вистинска драма.

Промовирани огласи »

Maestral Resort & Casino Budva пречекува млади, амбициозни, образовани, искусни луѓе кои сакаат да ја остварат својата кариера во средината  на успешен тим, обезбедува можност за вработување на сите хотелски позиции. 

Во своите капацитети има 5 ресторани, кои служат медитеранска и интернационална кујна со богат избор на светски познати вина. Бројни барови нудат освежителни пијалоци и закуски. Овој хотел има 205 соби распоредени на 7 ката, 24-часовна рецепција, услуга за хемиско чистење/перење, објекти за перење, портир.

Нуди отоворени работни места во угостителски сектор, во рестораните на хотелот, позиции за домаќинство и многу повеќе!

Maestral Resort & Casino Budva Ве поканува на отворен ден за вработување! 

Придружете ни се на следната локација: СКОПЈЕ
Датум: 26 ноември 2021 година од 10 до 16 часот 
Локација: Double Tree by Hilton, Бул. АСНОМ бр.17, 1000, Скопје

Доколку ја препознаете вашата можност, посетете не, понесете го вашето CV со себе или пополнете го на лице место, информирајте се за условите за работа и сите други детали! Исто така можете да ни го испратите вашето CV преку следниов линк ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ ВО БУДВА

Ова е отворен настан за вработување, така што не е потребна покана за да присуствувате - само ве молиме, дојдете на погоре наведената локација во точното време и датум.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

 

 

Промовирани огласи »

Речиси во цела Европа цената на струјата надмина 200 евра за мегават/час, покажуваат податоците на платформата Енерџилајв на вчерашното затворање на европските енергетски берзи. Зделките имаат датум на испорака до денеска.

Најскапа струја денеска има во Грција – 241,3 евра за мегават/час. Потрошувачите во Романија и Унгарија плаќаат 228,79 евра за мегават/час.

Најевтина струја повторно има во Полска – 116,28 евра за мегават час. Следува Шпанија со 180,57 евра за мегават час. Во Португалија енергичната енергија сега се продава за 180,88 евра за мегават/час.

Тоа се единствените земји во Европа каде цената денеска е под 200 евра за мегават/час.

Промовирани огласи »

„Сите што ќе работат во недела ќе добиваат надомест за 50 отсто повисок, освен во моловите, кои што ќе работат само една смена, а вработените, продавачите ќе добиваат 100 отсто повисока дневница“ истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во „Утрински брифинг“.

Таа додаде дека, дополнително 2 отсто од годишниот промет од сопствениците во моловите ќе бидат уплаќани во централниот буџет.

Дополнително 2 отсто од годишниот промет на сопствениците што работат во моловите ќе бидат уплаќани во централниот буџет, од кој ние пак ќе градиме градинки истакна министерката Шахпаска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »