Промовирани огласи »

Есенските паднати лисја содржат одредена количина киселини кои може да ја оштетат бојата на возилото, особено ако лисјата се влажни.


 

Лисјата на патот во комбинација со влага создаваат лизгава површина и може да доведат до сообраќајна несреќа, ако не бидете внимателни и ако не ја прилагодите брзината на неповолните услови.

Лисјата исто така можат да предизвикаат оштетување на автомобилот. Лисјата во распаѓање содржат и одредена количина киселини, што може да биде опасно за лесните возила - особено ако лисјата се влажни. Затоа, подолгото присуство на лисја на возилото може да резултира со оштетување.

Ако не ги исчистите лисјата под шофершајбната, ако е влажно, може да ја заглават патеката што носи воздух до филтерот на кабината, со што се намалува снабдувањето со свеж воздух.

Распаднатите лисја исто така може да влезат во каналите, така што возачот и патниците ќе дишат влажен воздух со слаб квалитет.

Промовирани огласи »

Автоматските клима-уреди со систем Air Care во моделите на Škoda се делотворни во намалувањето на загаденоста на воздухот во кабината на возилото со честички PM и полен.
 

Системот Climatronic Air Care располага со сензор што мери дали воздухот е загаден со штетни материи и автоматски префрлува на кружење на воздухот во кабината, без доток на надворешен воздух. Вградениот систем за квалитет на воздух AQS (Air Quality System) со автоматска рециркулација придонесува во голема мера за здравјето на патниците и прави престојот во возилото да биде попријатен, посебно при возење во градски метеж, но и при патување. Škoda ги вградува клима уредите со оваа функција во своите модели Enyaq iV, Karoq, Kodiaq, Octavia и Superb.

Делотворниот филтер на системот Air Care постојано го пречистува воздухот во кабината. На тој начин во голема мера се впиваат честичките, поленот и непријатните миризби, односно патниците во возилото се поштедуваат од нивното штетно или непријатно влијание.

Воздухот што струи низ кабината постојано се спроведува низ филтерскиот систем и темелно се чисти. Филтрите за честички, со активен јаглен и за алергени ги впива честичките, чадот и поленот, и ги потиснува и непријатните миризби. Climatronic со функција Air Care се вградува сериски во моделите на Škoda од повисоките класи или е достапен како опција.

Во некои модели, системот AQS располага со дополнителен сензор за штетни материи, што ги впива гасните нечистотии, како јаглеводороди, азотни оксиди или сулфурен диоксид. При зголемена концентрација на овие гасови во кабината, автоматски се прекинува дотокот на свеж воздух и системот привремено префрлува на рециркулација. Кога воздухот е чист, автоматски се отвора дотокот на звеж воздух. Системот Air Care со функција AQS со филтер за штетни материи е достапен за моделите Enyaq iV, Karoq, Kodiaq, Octavia и Superb.

Промовирани огласи »

Kia објави сет тизер скици и видео на кое се прикажува втората генерација на моделот Nirо и го потврди времето на големата премиера – на Салонот за мобилност во Сеул на 25 ноември во 3:30 часот по наше време.

Најновите скици од дизајнот на Nirо, кросовер сместен помеѓу Stonic и Sportage, откриваат необични LED фарови поставени ниско на предниот браник и тенка хоризонтална решетка над нив истакната со хромирана лента. Задниот дел се карактеризира со тенки и вертикално распоредени задни светла кои ја следат линијата на кровните носачи.

Во кабината, Niro добива редизајнирана едноделна инструмент табла која интегрира дигитална инструмент табла и инфозабавен екран на допир, сличен на Kiа Sportage. Исто така може да се види и високопоставен централен тунел со копче старт-стоп и ново амбиентално осветлување на асиметричната контролна табла.

Промовирани огласи »

Луис Хамилтон, вчера, победи на Големата награда во Катар и влезе во историјата на Ф1. Патеката „Лосаил“ е 30. во Ф1 на која победил седумкратниот светски првак. Во Катар, возачот на Мерцедес, ја забележа 102. победа во кариерата.
 

Хамилтон во кариерата имал можност да се трка на 35 различни патеки, не успеал да победи на само пет. Од патеките кои се наоѓаат во календарот, тој нема победа во Зандворт. Големата награда на Холандија, оваа година се врати во календарот на Ф1.

Исто така никогаш не победил во Индија, Франција (Мањи-Кур), Валенсија и Хужна Кореја.

Најуспешен со по осум победи е на домашната трка во Силверстон и во Унгарија (Хунгароринг), една победа има помалку на патеката „Жил Вилнев“ во Канада. Шест победи забележал во САД, Кина и Шпанија. Во Јапонија има вкупно пет победи, славел на двете патеки во Сузука и Фуџи. Ист број на победи има во Монца, Сочи, Абу Даби и Бахреин.

Првенството во Ф1 ќе продолжи со премиерната трка за Големата награда на Саудска Арабија во Џеда. Трката ќе се вози на 5.декември.

Во пресрет на последните две трки, Хамилтон има осум поени помалку од лидерот Макс Ферстапен.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »