Началник на одделение за организација и координација на активностите на министерот, Сектор за организација и координација на активностите на министерот, заменик министерот и државниот секретар, Директорат за поддршка на активностите на министерот за надворешни работи

  • Објавен на 6.2021
  • Министерство за надворешни работи
  • Активен до 18.06.2021
  • Позиција: државни службеници

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, правни науки, економски науки, политички науки
  • најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Општи работни компетенции

  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • учење и развој
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • стратешка свест
  • ориентираност кон странките/засегнати страни
  • раководење и
  • финансиско управување

Посебни работни компетенции

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • потврда за положен испит за административно управување
  • познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на еден од меѓународно признатите сертификати или уверенија: ИЕЛТС со 3,5 - 4,5 поени, ПЕТ, БЕК П, БУЛАТС, или Аптис, ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АLТЕ на европски тестатори на Б1 (B1) нивото на ЦЕФР (CEFR)

Распоред на работно време

  • Работни денови: понеделник-петок
  • Работни часови: 40 неделно
  • Работно време: од 07:30 до 15:30
  • Опис за работното време: - Опис за работното време:

Паричен нето износ на плата: 30.561,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Албанец(ка) 1.



барај огласи за вработување » барај останати огласи »