Инспектор за инспекциски надзор во животната средина - североисточен и источен регион лоциран во Куманово, Подрачно одделение за инспекциски надзор во животната средина - Североисточен и источен регион (Регион IV) со седиште во Пробиштип, Сектор за инспекциски надзор во животната средина и природата

  • Објавен на 7.2021
  • Државен инспекторат за животна средина
  • Активен до 26.07.2021
  • Позиција: државни службеници

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, природно-математичките науки (биологија, физика, геофизика, географија, геологија, минерологија, хемија и биохемија), техничко-технолошките науки (архитектура, урбанизам и планирање, електротехника, електромашинство, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, индустриско инженерство и менаџмент, контрола на квалитет, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, регулација и управување со технолошки процеси, рударство, животна средина), медицински науки (фундаментални медицински науки и медицинска технологија), биотехничките науки ( наука за земјиштето и хидрологијата, заштита на растенија, растително производство, овоштарство, лозарство, ветеринарна медицина, добиточно производство (сточарство), рибарство, шумарство и хортикултура, преработка на дрво, биотехнологија и прехранбена технологија) и општествени науки (безбедност)
  • најмалку 3 (три) години работно искуство по дипломирање

Општи работни компетенции

  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • учење и развој
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • стратешка свест
  • ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • финансиско управување

Посебни работни компетенции

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време

  • Работни денови: понеделник-петок
  • Работни часови: 40 неделно
  • Работно време: од 07:30 до 15:30
  • Опис за работното време: - Опис за работното време:

Паричен нето износ на плата: 26.278,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.



барај огласи за вработување » барај останати огласи »