Помлад инспектор од областа на безбедност и здравје при работа, лоцирано во Гевгелија, Одделение за инспекциски надзор во областа на безбедност и здравје при работа - Регион II, Сектор за инспекциски надзор во областа на безбедност и здравје при работа
- Објавен на 6.2021
- МТСП - Државен инспекторат за труд
- Активен до 05.07.2021
- Позиција: државни службеници
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Архитектура, Урбанизам и планирање, Електротехника, Електромашинство, Електроника и автоматика, Енергетика, Градежништво и водостопанство, Индустриско инжинерство и Менаџмент, Машинство, Материјали, Металургија, Регулација и управување со технолошки процеси, Технологија на прехрамбени производи, Текстилна технологија, Факултет за заштита при работа, Компјутерска техника и информатика
- со или без работно искуство по дипломирањето
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови: 40 неделно
- Работно време: од 08:30 до 16:30
Паричен нето износ на плата: 22.047,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.