Помлад инспектор за животна средина, Одделение за инспекциски надзор - инспекторат

  • Објавен пред 2 недели
  • Општина Демир Хисар
  • Активен до 13.05.2021
  • Позиција: државен службеник

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Природно – математички науки (биологија, физика, геофизика, географија, геологија, минерологија, хемија и биохемија), Техничко-технолошки науки (архитектура, урбанизам и планирање, електротехника, електромашинство, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, индустриско инженерство и менаџмент, контрола на квалитет, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, регулација и управување со технолошки процеси, рударство, животна средина), Медицински науки (фундаментални медицински науки и медицинска технологија), Биотехничките науки (наука за земјиштето и хидрологија, заштита на растенија, растително производство, овоштарство, лозарство, ветеринарна медицина, добиточно производство (сточарство), рибарство, шумарство и хортикултура, преработка на дрво, биотехнологија и прехранбена технологија) и Општествени науки (безбедност)
  • со или без работно искуство по дипломирањето

Општи работни компетенции

  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • учење и развој
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • стратешка свест
  • ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • финансиско управување

Посебни работни компетенции

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време

  • Работни денови: понеделник-петок
  • Работни часови: 40 неделно
  • Работно време: од 08:00 до 16:00

Паричен нето износ на плата: 22.019,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.