Благајник II - Виш референт благајник, Одделение за финансии и сметководство

  • Објавен на 7.2021
  • Општинско основно училиште Ванчо Прке - Штип
  • Активен до 03.08.2021
  • Позиција: јавен службеник

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, вишо/средно гимназиско, економско образование
  • најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции

  • учење и развој
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • финансиско управување

Посебни работни компетенции

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АLТЕ на европски тестатори, или уверение од меѓународна институција на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат. познавањето на англиски јазик може да се докаже и со приложување на меѓународно признатиот сертификат по НАТО стандардот STANAG 6001 на соодветното ниво, при што административните службеници од категорија Г треба да поседуваат сертификат со STANAG 1111
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време

  • Работни денови: понеделник - петок
  • Работни часови: 40 неделно
  • Работно време: од 07:30 до 15:30

Паричен нето износ на плата: 20.183,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.



барај огласи за вработување » барај останати огласи »