Помлад инспектор за животна средина, Одделение за инспекциски надзор - Инспекторат
- Објавен на 5.2021
- Општина Неготино
- Активен до 25.05.2021
- Позиција: државни службеници
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Природно-математички науки (биологија, физика, геофизика, географија, геологија, минерологија, хемија и биохемија), Техничко-технолошки науки (архитектура, урбанизам и планирање, електротехника, електромашинство, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инжинерство, хемиска технологија, индустриско инжинерство и менаџмент, контрола на квалитет, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, регулација и управување со технолошки процеси, рударство, животна средина), Медицински науки (фундаментални медицински науки и медицинска технологија), Биотехнички науки (наука за земјиштето и хидрологија, заштита на растенија, растително производство, овоштарство, лозарство, ветеринарна медицина, добиточно производство (сточарство), рибарство, шумарство и хортикултура, преработка на дрво, биотехнологија и прехрамбена технологија) и Општествени науки (безбедност)
- со или без работно искуство по дипломирањето
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови: 40 неделно
- Работно време: од 08:00 до 16:00
Паричен нето износ на плата: 21.400,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.