Советник инспектор од областа на безбедност и здравје при работа, лоцирано во Скопје, Одделение за инспекциски надзор во областа на безбедност и здравје при работа – Регион I, Сектор за инспекциски надзор во областа на безбедност и здравје при работа

  • Објавен пред 3 недели
  • МТСП - Државен инспекторат за труд
  • Активен до 10.05.2021
  • Позиција: државни службеници

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Архитектура, Урбанизам и планирање, Електротехника, Електромашинство, Електроника и автоматика, Енергетика, Градежништво и водостопанство, Индустриско инжинерство и Менаџмент, Машинство, Материјали, Металургија, Регулација и управување со технолошки процеси, Технологија на прехрамбени производи, Текстилна технологија, Факултет за заштита при работа, Kомпјутерска техника и информатика
  • најмалку 3 (три) години работно искуство по дипломирањето

Општи работни компетенции

  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • учење и развој
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • стратешка свест
  • ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • финансиско управување

Посебни работни компетенции

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време

  • Работни денови: понеделник-петок
  • Работни часови: 40 неделно
  • Работно време: од 08:30 до 16:30

Паричен нето износ на плата: 26.278,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.